Лавров: Бевме пред договор со Украина, Западот го растури

Од:

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров денеска ја посети Јужноафриканската Република каде одржа прес-конференција. Посетата на шефот на руската дипломатија се случи во пресрет на учеството на ЈАР на заеднички воени вежби со Кина и Русија. Лавров на прес-конференцијата зборуваше за мировните преговори меѓу Украина и Русија на самиот почеток на војната.

„Општо познато е дека го поддржавме предлогот на украинската страна за преговори на почетокот на специјалната воена операција на крајот на март. Потоа двете делегации се согласија за принципот на прекин на овој конфликт“, рече тој.Лавров

„Исто така е познато и јавно објавено дека нашите американски, британски и некои европски колеги и рекле на Украина дека е рано за договор рече шефот на руската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Путин: Го почитуваме планот на Кина за Украина, ќе го разгледаме

Америка и испраќа на Украина нов пакет помош во оружје и опрема, вреден 350 милиони долари

Македонските „Сухои“ донирани на Украина, ама корист само за резервни делови

Горан Наумовски

Членките на ЕУ планираат да достават еден милион артилериски гранати во Украина

Путин го поздрави кинескиот план за Украина

Украина очекува Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да стави крај на војната