Лавров: Барањето да определување рок за повлекување на Асад е спротивно на меѓународното право

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека барањето за определување рок за повлекување на сирискиот претседател Башар Асад од власта е спротивно на меѓународното право и демократијата.

– Засега партнерите го поврзуваат целосното мобилизирање на антитерористичкиот потенцијал со повлекувањето на Башар Асад. Тие веќе не сакаат тој веднаш да исчезне, туку дозволуваат да учествува во преодниот политички процес, но сепак бараат да постои некаков датум, рок, по чие истекување тој нема да има никакви овластувања. Рускиот претседател реагираше на ваквата идеја. Ние го сметаме ваквиот потег за спротивен на меѓународното право и демократските принципи, истакна Лавров.

Според него, оние кои ја поврзуваат судбината на Асад со формирањето на антитерористичка коалиција, создаваат услови за ширење на групата Исламска држава (ИД).

Шефот на руската дипломатија нагласи дека проблемот со ИД може брзо да се реши доколку се воспостави координација меѓу копнените сили и воената авијација.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски