Ласица предизвика краток спој во најголемиот акцелератор на честички

Од:

Најсилниот светски акцелератор на честички вчера прекина со работата откако ласица предизвика краток спој во трансформаторот со голема волтажа.

Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) објави дека акцелераторот, кој се наоѓа во подземната лабораторија на француско-швајцарската граница, вчера утрото претрпе „тешка електрично нарушување“. Како причина се наведува краток спој во трансформаторот од 66 киловолти предизвикана од ласица.

– Ќе бидат потребни неколку денови да се поправат штетите што ги направи ласицата, посочи портпаролот на ЦЕРН, Армо Марсоје.

Во ЦЕРН во близина на Женева, најголемиот светски центар за истражување на елементарни честички, кон крајот на ноември 2009 година почна со работа Големиот хадронски колајдер. Тоа е најголемата и најмоќната експериментална инсталација, сместена во подземен тунел во облик на прстен со обим од 27 километри, на дланочина од 75 го 150 метри. 

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска