Лам: Одлуката за повлекување на законот е моја и е поддржана од кинеската Влада

Од:

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, изјави дека законот за екстрадиција, што ги предизвика повеќемесечените демонстрации низ градот, формално ќе биде повлечен на законодавниот совет без расправа или гласање и истакна дека повлекувањето на овој спорен закон е одлука на нејзината влада, што била поддржана од Кина.

На прес конференција во Хонг Конг, Лам денеска ги изнесе и првите детали за повлекувањето на законот. Таа кажа дека нема да има расправа и гласање во советот, што од следниот месец повторно почнува со работа, а во него се наоѓаат многу прокинески пратеници, пренесуваат американските медиуми.

Лам, исто така, изјави и дека повлекувањето на законот е одлука на нејзината влада, која била поддржана од централната кинеска Влада. Таа демантира дека направила свртување во политиката по трите месеци масовни протести.

Таа наведува дека предлог законот го суспендирала кон средината на јули, само неколку дена по почетокот на протестите, и уште тогаш прогласила дека тој е ефективно неважечки.

Лам смета дека формалното повлекување на законот ќе биде маслиновата гранка за отворање на дијалогот со огорчените демонстранти и е обид за барање излез од ќорсокакот во кој Хонг Конг се наоѓа.

Противниците на законот веќе кажаа дека нејзиното повлекување е „премалку и предоцна“ ,а дека таа сега треба да ги реши и другите барања поставени во текот на протестите.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени