Лајтнер: Австрија и Германија не можат сами да ја решат бегалската криза

Од:

Австрија и Германија не можат сами да ја решат бегалската криза, затоа што за неа е потребо заедничко европско решение, изјави денеска австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер во обраќање пред Федералниот Парламент во Виена.

– Лани добивме над 89.000 барања за азил. Тоа е повеќе од сите останати земји членки на ЕУ заедно. Австрија ја оправда својата хуманитрана традиција. Заедно со Шведска и Германија, Австрија на свој грб презеде најголем дел од товарот, изјави Микл-Лајтнер, додавајќи дека колку за за споредба Словенија и Хрватска заедно лани примиле само 500 барања за азил.

Според неа, како што јави АПА, одделни земји члени на ЕУ биле принудени да преземат индивидуални мерки за спречување на бегалсиот прилив, со цел да поттикнат постигнување заедничко европско решение за кризата.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он