Лајен: На Украина и се уплатени првите три милијарди помош од планираните 18 милијарди евра

Од:

Европска комисија денеска ја уплати првата рата од три милијарди евра од пакетот макрофинансиска помош од 18 милијарди евра за Украина, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Таа истакна дека тоа е прва транша од предвидените 18 милијарди евра помош за Украина за 2023 година.

Тоа ќе ја зајакне финансиската стабилност на Украина, помош за исплата на плати и пензии и да обезбеди работа на болниците, училиштата и станбени услуги, истакна Лајен во говорот на Светскиот економски форум во Давос.

Таа додаде дека ЕУ ги воведе „најсилните санкции досега, поради што руската економија се соочува со деценија на регресија, а нејзината индустрија нема никаква модерна и критична технологија“.

Нема да има неказнивост за руските злосторства. И нема да има прекин во нашата непоколеблива поддршка за Украина, од помагање за обновување на струјата, топлината и водата, до подготовката за долгорочни напори за реконструкција“, рече Фон дер Лајен.

Предвидено е идните исплати на Украина ќе изнесуваат 1,5 милијарди евра месечно, почнувајќи од март, и ќе бидат условени со задоволителен напредок кон спроведувањето на договорените реформски услови.

За да ги финансира овие заеми, ЕК се задолжува од пазарите на капитал во рамките на својот единствен пристап за финансирање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен во Скопје

Во четврток во Скопје посебен режим на сообраќај

Ултиматум на Украина до монасите: Напуштете ја Киевско-печерската лавра

Русија: Украина не нападна онаму каде што мисли дека сме најслаби, не успеа

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен пристигна во Киев: Денеска е Денот на Европа

Ана Ололовска