Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и британскиот премиер Борис Џонсон денеска телефонски разговараа за несогласувањата околу риболовот како дел од обидите за постигнување нов трговски договор, како и за најновите случувања во врска со коронавирусот, изјавија извори од ЕУ.
Според нив, Европската унија сега е подготвена да прифати намалување на вредноста на уловот во водите на Велика Британија до 25 проценти за одреден временски период од 2021 година.
Должината на тој временски период, како и согласувањето како Унијата може да возврати ако Велика Британија подоцна ја издвои својата индустрија, сè уште се пречки во трговските преговори, девет дена пред Британија да ги напушти единствениот пазар и царинската унија, што значи дека постојните трговски правила повеќе нема да се применуваат.