Лабуристите подготвени за втор референдум ако нема договор

Од:

Најголемата британска опозициска партија, Лабуристичката партија е подготвена да поддржи втор референдум за излез на Велика Британија од Европската унија, доколку Владата ги офрли нејзините предлози за Брегзит и се одлучи за „тврд излез“, односно излез без договор, изјави денеска лидерот на лабуристите, Џереми Корбин.

– Ако Владата остане тврдоглава, ако лабуристичката алтернатива биде блокирана и земјата се соочи со можна катастрофа која ќе доведе до излез без договор, наша обврска ќе биде да се свртиме кон други опции, вклучувајќи и јавно изјаснување, рече Корбин во Хејстингс, јужна Британија.

Тој потврди дека е подготвен да го прифати повикот на премиерката Тереза Меј за разговор за Брегзит само ако таа ја отфрли идејата за излез од ЕУ без договор.

– Владата потврди дека таа се држи до опцијата за излез од ЕУ без договор. Затоа, повторно и порачувам на премиерката: Многу сум расположен за разговор, но појдовна точка за секој разговор за Брегзит мора да биде отфрлање на секоја идеја за излез без договор“.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година