Британскиот пратеник од опозициската Лабуристичка партија, Дејвид Лами изјави денеска дека Парламентот треба да го отфрли референдумот и да ја „исправи грешката“ што веќе е направена со гласањето за Брегзит.
– Не мораме да го правиме тоа (прифакање на резултатот од референдумот) и сега можеме да го запреме лудилото, изјави Лами за „Индепендент“.
На референдумот во четвртокот, 52 отсто од Британцит се определија за Брегзит, додека 48 отсто, гласаа за останување во ЕУ.
Анализата на гласањето покажа дека победата за Брегзит е извојувана со гласовите на пензионерите и возрасните во внатрешнста на Англија (и Велс). За заминување од Унијата гласале 60 отсто од гласачите над 60 и 65 години, наспроти, младата популација, каде 73 отсто од нив гласале за останување на Велика Британија во ЕУ.
Изненадување претставува однесувањето на гласачкото тело на лабуристите, затоа што работниците од североисточна Англија, како и велшките гласачи, кои традицонално се определени за левицата, овојпат гласале за Брегзит, што беше покренато и водено од десното крило на конзервативците и на евроскептиците во ториевските редови.
Веднаш по објавувањето на резултатите, се покрена иницијатива за собирање потписи со барање за нов референдум со кој би се поништила „грешката“ направена во четвртокот.
До синоќа беа регистрирани околу 2,5 милиони потписи, многу повеќе од неопхпдните 100.000 за да се отвори дебата во Парламентот. Меѓу потписниците има и многу гласачи за Брегзит кои сега јавно признаваат за британските медиуми дека гласале „погрешно“.
Премиерот на заминување, Дејвид Камерон изјави дека „нема да има втор референдум“.
Таквата можност ја отфрли и лидерот на опозицијата Џереми Корбин, кој веќе се подготвува за вонредни парламенертреани избори.
Повикот на пратеникот Лами за „запирање на лудилото“ доаѓа пред утрешната рсправа во британскиот Парламент околу референдумот и неговата верификација. Теоретски, пратениците може да ги отфрлат резултатите, затоа што референдумското изјаснување не е обврзувачко, туку го покажува расположението на гласачите.
Големо мнозинство од пратениците, беа и се уште се против напуштањето на ЕУ, но малку е веројатно дека членовите на Долниот дом нема да ги почитуваат гласовите на над 17 милиони Британци кои беа за Брегзит.