Лабуристички пратеници бараат оставка од лидерот Ед Милибанд

Од:

Неколкумина лабуристички пратеници побара од партиското раководство да се покрене постапка за смена на актуелниот лидер Ед Милибанд, кој е и лидер на британската опозиција, тврдат лондонските медиуми, повикувајжи се на партиски извори.
Ова не е првпат, дел од пратениците-лабуристи, да се незадоволни од работата на Милибанд и да бараат „нов човек на кормилото на партијата“. Незадоволството избувна отакако лабуристите ја загубија предноста пред владејачките конзервативци, што ја имаа неколку години.

Двете главни партии сега се изедначени, па најновите мерења на нивниот рејтинг покажуваат дека доколку сега би се одржале парламентарни избори, лабуристите и ториевците би освоиле по 30 отсто од гласовите. На почетокот од годината и во текот на летото, опозициските лабуристи имаа предност од околу осум отсто.

Најновата криза на лидерството се појави откако стана јасно дека лабуристите иако победија на референдумот за независност на Шкотска, спротивставувајќи се на сепаратизмот на Шкотската национална партија (СНП), која два мандата управува со овој дел од Велика Британија, не успеаја да „профитираат“ од успехот.

Испитувањата на расположението на гласачите пред парламентарните избори во мај идната година, откриват дека лабуристите не само што не ќе можат да ја совладаат СНП, туку дека може да изгубат и некои изборни единци што традиционално им припаѓаат.

Незадоволен од ваквата сосојба во партијата која има проблеми и околу изборот на нов лидер за шкотските лабуристи, повлекување од пратеничката функција и од политиката најави поранешниот министер Алистер Дарлинг, сега пратеник од Единбург, кој успешно раководеше со кампањата „Заедно е подобро“ на референдумот за независност.

Пратениците кои се означуваат како „бунтовници“ против Милибанд, како и водството на партијата, засега не ги коментираат откритијата на медиумите. Но во јавноста се смета дека се уште има време до изборите, со нов лидер лабуристите да извојуваат победа.

Ед Милибанд е лидер на Лабуристичката партија од есента 2010 година, по оставката на дотогашниот лидер и премиер Гордон Браун. Во трката за лидерската функција Ед влезе во последен момент,предизвикувајќи го својот постар брат Дејвид Милибанд кој како поранешен министер за надворешни работи, важеше за сигурен победник во изборната трка. Ед Милибанд победи со минимална предност од неполни сто гласови.

Тој верува дека политиката на лабуристите е исправна, па дека по изборите за шест месеци, може да биде првиот Евреин кој бил избран за британски премиер во нејзината историја.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство