Лабуристичката партија ќе побара нов референдум за Брегзит пред изборите

Од:

Опозициската Лабуристичка партија треба да соопшти дека е против Брегзит и да побара одржување нов референдум со кој пред изборите ќе оневозможи напуштање на Европската унија.

Тоа се очекува денеска да го нагласи Том Вотсон, заменик претседател на Лабуристичката партија во говор што се разграничува со лидерот на партијата Џереми Корбин, јави Би-Би-Си.

Вотсон ќе изјави дека не постои решение што може да се нарече „добар договор за Брегзит“ и дека лабуристите треба категорично да почнат кампања за останување во ЕУ.

– Единствениот начин да се излезе од ќорсокакот на Брегзит е народно гласање на референдум, смета Вотсон.

Според него, „парламентарните избори воопшто нема да го решат тој хаос“.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година