Квебек ќе воведе посебен данок за луѓето кои не се вакцинирани против коронавирусот

Од:

Властите во канадската провинција Квебек синоќа соопштија дека во наредните недели ќе воведат нов данок наречен „здравствен придонес“, само за граѓаните кои одбиваат да примат вакцина против Ковид-19.

– Работиме на нов данок за сите возрасни кои одбиваат да примат вакцина против коронавирусот бидејќи тие претставуваат финансиски товар за сите граѓани, рече премиерот на покраината, Франсоа Лего.

Лего додаде десет отсто од граѓаните на Квебек не примиле вакцина и нагласи дека останатите 90 отсто вакцинирани не треба да страдаат поради нив. Според него, тие десет проценти невакцинирани возрасни лица претставуваат 50 проценти од луѓето на одделенијата за интензивна нега во болниците.

Во Квебек, кој има околу осум милиони жители, во моментов се хоспитализирани вкупно 2.742 лица, а околу 255 луѓе се на одделенијата за интензивна нега.

Би можело да ве интересира

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција за одземање на канадското државјанство на Маск

Силен земјотрес ја погоди Канада