Курдските борци во текот на ноќта го одбиле новиот напад на припадниците на екстремистичката Исламска држава (ИД) на стратегиски важниот пограничен град Кобане, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Нападот е извршен откако вчера припадниците на курдската заедница извеле самоубиствен бомбашки напад врз џихадистите од ИД во близина на Кобане.
Жена самоубиец се разнела во еден од центрите на исламската заедница источно од градот и притоа убила неколкумина џихадисти, кои го опколија Кобане и се обидоа да го заземат.
Екстермистите од ИД се обиделе да го освојат градот и од источна и од западна страна, но курдските борци успеале да го одбијат нападот, наведе сирискиот Центар.
Според директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман, во текот на ноќта се воделе жестоки судири, но утринава тие се смириле, па можело да се слушне само спорадично гранатирање на градот.
Екстремистите од ИД речиси три недели се обидуваат да го заземат градот Кобане, што е познат и као Аин ал-Араб, во обидот да ја зацврстат конторлата долж сириско-турската граница.
Курдските борци засега успеваат да го одбранат градот со помош на воздушните напади што САД ги изведуваат против припадниицте на ИД.