Курдските борци ги потиснуваат џихадистите од Кобане

Од:

Силите на сириските Курди успеаја да ги потиснат припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД) од административниот дел на Кобане и сега контролираат околу 80 проценти од овој град, што се наоѓа во близна на границата меѓу Сирија и Турција, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Во соопштението на оваа невладина организација со седиште во Лондон, се наведува дека по четиримесечни борби курдските борци успеале да ја преземата од џихадистите контралата над целиот административен дел на Кобане.

Според Центарот, курдските сили целосно ги потиснале припадниците на ИД од овој дел на Кобане по жестоките борби што почнале синоќа.

Меѓународната антиџихадистичка коалиција предвоена од САД,во меѓу време соопшти дека во последново деноноќие нивните сили извршиле најмалку три воздушни напади врз позиции на ИД во Кобане, при што загинале најмалку 14 сунитски екстремисти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети