Курдите тврдат дека ИД употребила хемиско оружје против нив

Од:

Борците на Исламска држава употребија проектили со токсичен гас во минатомесечните борби против курдските сили во Сирија во областа Хасекех, соопштија курдската единица за заштита на Курдите и набљудувачите од Група за човекови права.

Единица за заштита на Курдите наведе дека ИД употребила проектили со токсичен гас во нападите на 28 јуни, кога беше напаѓан квартот Салхиа во градот Хасакех и курдските позиции јужно од градот Тел Брак.

– По ударот се ширеше гас со силен мирис на скапан лук. На земјата имаше течност, која во почетокот беше зелена, но во контакт со сонцето стана жолта. Гасот предизвика главоболки, болки во мускулите, како и нарушување на концентрацијата и движењето кај војниците. Тие што подолго беа изложени на гасот и повраќаа, се посочува во соопштението на Единица за заштита на Курдите.

Во соопштението се додава и дека курдските борци во последните недели заплениле индустриски гас маски од исламистичките сили, што потврдува дека тие се подготвени и опремени за хемиска војна во тој дел од фронтот.

Ниту Курдите ниту набљудувачите од Група за човекови права не можат да прецизираат кој вид на хемикалија е користена во нападите на ИД.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад