Курдите подготвени да разговораат со Дамаск и Москва

Од:

Курдските власти во северниот дел на Сирија би можеле да почнат разговори со Дамаск и со Русија со цел да се пополни безбедносниот вакуум по повлекувањето на американските трупи од пограничната област со Турција, изјави денеска претставник на курдската автономна област.

– Ако САД дефинитивно ја напуштат областа, посебно пограничниот дел, ќе бидеме принудени да ги разгледаме сите опции, изјави Курдот од Сириски демократски сили, Бардан Жиа.

Тој додаде дека и ќе се разговора со претставници од Сирија и од Русија за да се избегне или спречи најавениот напад од Турција.

Сириските демократски сили се курдска одбранбена формација и главен сојузник на САД во борбата против Исламска држава во тоа подрачје.

Претходно, сирискиот заменик министер за надворешни работи Фејсал Мекдад денеска ги повика сириските Курди да преминат на страната на Владата во Дамаск.

Тој ги повика Курдите да и се придружат на сириската Влада, а не да се „фрлат во бездна“.

– Татковината срдечно ќе ги прими сите свои синови и Владата во Дамаск ќе ги реши сите проблеми во земјата на позитивен начин, без насилство, посочи Мекдад.

Изјавата на Мекдад е прва официјална реалкција од Сирија по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да ги повлече американските трупи од североисточниот дел на Сирија.

Тој исто така додаде дека Сирија ќе ја брани целата своја територија и нема да прифати никаква окупација.

Одлуката на Трамп ги налути сириските Курди, бидејќи тоа значи губење на автономијата со која се стекнаа за време на војната во Сирија.

Американските сили вчера почнаа да се повлекуваат од североисточниот дел на Сирија. Курдските борци го обвинија Вашингтон за непочитување на своите обврски кон клучните сојузници и наведоа дека тоа ќе ги поништи достигнувањата во последните пет години во борбата против ИД.

Турција во повеќе наврати се закани дека ако не биде формирана безбедносна зона долж границата со Сирија, за што беше постигнат договор со САД, ќе изврши инвазија врз североисточниот дел на соседната земја.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот