Курц: Русија го крши меѓународното право во Украина

Од:

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц наведува дека Австрија со својата неутралност и обврска да биде воено неутрална, но не и да биде неактивна, препознава кога се крши меѓународното право како што тоа го прави Русија во Украина.

Во интервју за виенски Кронер цајтунг, тој вели дека Русија во Украина јасно го кршела меѓународното право не само со тоа што ги поддржува сепаратистите туку и што на украинска територија активни се руски војници.

Курц вели дека тоа е нешто за што Европа не смее да затвора очи, и додава дека Европа реагирала со санкции кои предизвикале контрамерки што имаат непосредни последици и за Австрија.

– Да се биде неутрален значи да се отвораат канали за дијалог или хуманитарно да се дејствува. Не смее да се верува дека хуманитарната помош е доволна, нагласи тој реагирајќи на одделни критики дека неутрална Австрија не смее да учествува во санкции.

Курц се залага за мирољубиво решение за кризата во Украина.

– Тоа кризно жариште има непосредни последици за нашата економија, но и последици од опасност од бран бегалци, така што мора да имаме огромен интерес да дадеме активен придонес за окончување на конфликтот и изнаоѓање мирољубиво решение, нагласи шефот на австрикста дипломатија.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски