Курц: Не сме обединети во надворешната политика – тоа ја слабее ЕУ

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изрази загриженост за „длабоките поделби во Европската унија“, по повод разговорите што беа одржани на самитот на ЕУ за Русија и за законите за ЛГБТ заедницата во Унгарија.

Тој рече дека не е проблем ако има различни ставови за внатрешно-политички теми, но би било проблем во надворешната политика. – Ако не сме обединети во надворешната политика, тогаш тоа е лошо. Тоа ја ослабува ЕУ, нагласи Курц.

Во однос на Русија, тој изрази разочарување што нема храбра одлука.

– Неопходна е заедничка стратегија на ЕУ кон Русија. Брисел не може да чека ако се сретнат американскиот и рускиот претседател. ЕУ е непосреден географски сосед на Русија, рече Курц.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски