Курц: Голем број исламски градинки ќе треба да се затворат

Од:

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц изрази уверување дека е потребно итно да се затворат голем број исламски градинки.

Таквиот заклучок тој го донел врз основа на студијата изработена од професорот Еднан Аслан од Институтот за исламски студии при Универзитетот во Виена.

Аслан во својата анализа прикажува слика на паралелен свет, кој родителите го сакаат, а здруженијата, кои раководат со градинките, го форсираат.

– Многу родители сакаат за нивните деца да биде создадено 100-процентно исламско опкружување, наведува Аслан, додавајќи дека зад тоа стои желбата „како да се заштитат децата од мнозинското општество, од неморалот“.

Според него, меѓу исламските градинки постои натпреварување која ќе понуди поконзервативно и порелигиозно опкружување. Тој додава и дека постојат голем број муслимани кои своите деца свесно не сакаат да ги носат во такви градинки.

– Во тие градинки се применуваат методи на воспитување кои не се согласно европските, бидејќи ги отфрлаат вредностите во Австрија, начинот на живот, како и улогата на жената која постои, заклучува Аслан.

По повод овој извештај, Курц истакнал дека не е против приватните, верски градинки, без разлика на верата, но е проблематично што постои желба децата да се заштитат од мнозинското општество.

– Целта на оградување е погрешен пристап, порачува шефот на австриската дипломатија.

Во врска со тоа тој најавил построги контроли, а доколку е потребно и усвојување на построг закон, во чиј фокус ќе биде поттикнување на германскиот јазик.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски