Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го избрал Шон Куран за нов директор на американската Тајна служба. Куран беше дел од обезбедувањето на Трамп за време на обидот за атентат во Батлер, Пенсилванија, минатиот јули, објави Ројтерс.
„Покажа непоколеблива храброст кога го ризикуваше својот живот за да го спаси мојот од атентаторот во Батлер. Верувам дека Шон ќе ја направи Тајната служба посилна од кога било досега“, рече Трамп во изјавата.
Куран ќе го замени Рон Роу, кој беше вршител на должноста директор од јули, откако претходната директорка, Кимберли Читл, поднесе оставка поради критиките за неуспехот на агенцијата да спречи обид за атентат врз Трамп за време на митинг.
Каран ја започна својата кариера во Тајната служба во 2001 година како специјален агент во канцеларијата во Њуарк, каде што извршуваше должности за заштита, разузнавање, истрага, регрутирање и логистичка поддршка.