Куомо: Западниот регион во Њујорк од утре повторно се отвора

Од:

Регионот во западниот дел на Њујорк, во кој спаѓаат Нијагарините водопади, ќе стане шестиот регион во државата Њујорк, кој од утре повторно ќе почне да се отвора, изјави гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо на дневниот брифинг.

Тој исто така рече дека ќе ги охрабри професионалните спортски тимови да играат без навивачи.

Пет региони во централниот и горниот дел на државата Њујорк во петокот добија зелено светло да ја започнат првата фаза од повторното отворање, откако ги исполнија седумте критериуми поврзани со бројот на хоспитализирани и заразени со коронавирусот.

Куомо рече дека западниот регион, во кој спаѓаат Алеџани, Ири и Нијагара, е подготвен да се отвори утре, почнувајќи со градежништво, производство и некои објекти за малопродажба.

Гувернерот на Њујорк изјави дека во изминатите 24 часа, бројот на починати во Њујорк се зголемил за 106, што е помалку од вчера, кога беше 139.

Според него, бројот на хоспитализирани е малку помал во однос на претходниот ден и изнесува 5.897.

Куомо повтори дека е негативен на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски