Кулеба: Во мојот стан повеќе од 30 часа немаше струја и вода

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека земјата наскоро би можела да остане без струја.

Во интервју за германскиот ТВ канал АРД, тој побара помош од Западот со генератори и трансформатори.

Кулеба објаснил дека во неговиот приватен стан немало струја и вода повеќе од 30 часа.

Тој смета дека Украинците нема да се иселат поради недостиг на струја, туку привремено ќе одат кај своите роднини во селата каде што ќе можат да се греат на дрва, пишува Блиц.

Украинскиот лидер Володимир Зеленски неодамна му рече на американскиот претседател Џо Бајден дека неговата земја останала без 50 отсто од својата енергетска инфраструктура.

Киевските власти наведуваат дека во овој момент е невозможно целосно обновување на енергетскиот систем на Украина.

Украинскиот министер за финансии Серхи Марченко ја процени штетата на клучната инфраструктура на Украина на 100 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО