Кулеба: Секој Русин ќе ги почуствува ефектите од санкциите

Од:

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска ги предупреди Русите дека секој од нив ќе го почувствува ефектот од санкциите, јавија украинските медиуми.

„Обичните руски граѓани сè уште не сфатиле дека криминалната војна на Русија против Украина ќе влијае и врз нив. Санкциите не ги засегаат само олигарсите. Секој Русин ќе ги почувствува. Од губењето на модерната технологија, до девалвација на заштедите и невработеноста“, напиша Кулеба на Фејсбук, пренесе државната Укринформ.

Според него, тоа ќе значи хиперинфлација, дефицит и редици. Состојбата на пензионерите ќе стане уште потешка, а младите ќе ја загубат својата иднина.

„Но, најважно е што сега сите Руси во очите на светот се агресори и варвари. Тивки соучесници на злосторството“, напиша Кулеба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина