Кулеба: Г7 да одговори со повеќе санкции против Русија и повеќе оружје за Украина

Од:

Украина денеска побара од земјите од Г7 повеќе оружје и построги санкции против Москва по рускиот напад врз станбен комплекс недалеку од центарот на Киев.

„Самитот на Г7 мора да одговори со повеќе санкции против Русија и повеќе тешко оружје за Украина“, напиша украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на Твитер.

Тој повика на „победа над болниот империјализам“ на Русија.

Во Елмау, Германија денеска почнува самитот на Г7 – Групата на седумте најиндустриски развиени земји во светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Кулеба: Руските избори на окупираните територии на Украина се незаконски

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Кулеба: Европа не знае како да води војни