Кубанските лекари почнаа да го напуштат Бразил по укинувањето на билатералниот договор

Од:

Првата група од вкупно неколку илјади кубански лекари вчера си замина од Бразил, откако критиките на новиот бразилски претседател Жаир Болсонаро ја натераа кубанската Влада да го прекине договорот за соработка.

Болсонаро за време на кампањата велеше дека кубанските лекари биле користени како „робови“, затоа што кубанската Влада им зема 75 проценти од платите. Тој рече дека програмата, која почна во 2013 година, може да продолжи само ако добиваат цели плати, или примаат директно плати од Бразил и им биде дозволено со себе да ги земат своите семејства од Куба.

Кубанската Влада минатата недела соопшти дека ја завршува програмата „Повеќе лекари“ (Mas Medicos) во чии рамки од земјата во Бразил заминаа неколку илјадници доктори кои работеа за кубанската Влада.

Според програмата, кубанската Влада задржува поголем дел од платата на државните службеници кои работат во странство, како дел од меѓународни мисии на државата, а на учесниците во мисиите воглавно не им е дозволено со себе да ги носат членовите на семејствата, за да се спречи миграцијата на лекари.

Програмата почна пред пет години, и од тогаш околу 20.000 лекари од Куба се грижеле за милиони пациенти во далечни области на Бразил, како што е Амазонија.

Куба има слични мисии во 67 земји, но „Повеќе лекари“ беше една од најголемите и најважни, и служеше како врска меѓу карипската држава и Јужна Америка.

Бразилското Министерство за здравство соопшти дека во Бразил има 8.332 кубански лекари, од кои секој чини околу 3.100 долари месечно, и имаат платена соба и пансион.

Болсонаро рече дека на лекарите кои сакаат да останат во Бразил ќе им понуди азил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ