Кубански доктори пристигнаа во Либерија за да помогнат во борбата против ебола

Од:

Педесетина кубански доктори и медицински сестри пристигнаа денеска со авион во Либерија, со цел да помогнат при лекување на заразените лица од ебола во западноафриканската земја, каде САД исто така испраќаат свој персонал.

Кубански авион со 51 здравствен работник слета во главниот град Монровија, а друга група од околу 40 доктори од Куба треба да пристигне во текот на денов во соседна Гвинеја.

Висок кубански претставник од областа на здравството изразил надеж дека соработката во борбата против смртоносниот вирус може да помогне за затоплување на односите меѓу Хавана и Вашингтон.

Минатата недела американскиот државен секретар Џон Кери ги пофали кубанските напори во Западна Африка.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ