Над осум милиони Кубанци со право на глас денеска бираат членови на новиот состав на Националното собрание на Куба.
Во трка за 612-те места во Собранието се вкупно 612 кандидати.
Паралелно со парламентарните, се одржуваат и избори за членови на локланите собранија, каде исто така во трката за 1.269 места се 1.269 кандидати.
Сите кандидати за државното и за локалните собранија се предложени од владејачката Комунистичка партија на Куба на кубанскиот оретседател Раул Кастро.
Кубанските владини медиуми оценуваат дека изборите претставуваат „еден од најважните моменти во кубанскиот демократски процес“.