Куба: Шпанскиот премиер е сместен во хотел забранет за посетителите на САД

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез замина во официјална посета на Куба, која е прва посета на еден шпански премиер по повеќе од три децении.

За време на дводневната посета тој ќе се сретне со кубански официјални претставници и интелектуалци, а планирано е да биде домаќин на деловен состанок, кој ќе се одржи во хотел ставен на листата на администрацијата на Трамп како забранети за американски посетители.

Гостите на тој хотел се забранети согласно санкциите кои Вашингтон ги воведе против Куба.

Во делегацијата на Санчез, покрај владини претставници, има и околу 20 бизнисмени.

Последен пат некој шпански премиер ја посетил Куба пред 32 години, иако Шпанија се смета за еден од најважните кубански комерцијални партнери.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации