Куба ослободи тројца политички затвореници

Од:

Куба денеска ослободи тројца свои политички затвореници, а претседателот на кубанската Комисија за човекови права и помирување Елисардо Санчез изјави оти смета дека тој потег е преземен во согласност на американско-кубанскиот договор за ослободување на 53 затвореници.

Санчез изјави дека кубанските власти ги пуштиле на слобода 19-годишните близнави Дијанго Варгас и Мартин и Бјанко Варгас Мартин, без никакви судски процедури кои инаку се вообичаени кај ослободувањето на политички затвореници.

Под слични околности на слобода е пуштен уште еден затвореник Енрике Фигерола Миранда.

Во согласност на подобрувањето на односите меѓу Куба и САД, властите на двете земји се договорија за ослободување на 53 кубански политички затвореници, на барање на администрацијата на претседателот на САД Барак Обама.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ