Куба нема да се врати на капитализмот

Од:

Куба ќе ги брани своите социјалистички принципи, нема да се врати на капитализмот само поради тоа што се согласи за нормализација на односите со САД, изјави Маријела Кастро, ќерка на кубанскиот претседател Раул Кастро. Маријела која што е пратеник во парламентот, истакна дека искуството ги научило дека никогаш не треба да се откажат од своите принципи.

-Народот на Куба не сака враќање на капитализмот – рече таа и ја отфрли можноста за слободен влез на американските компании на Куба.

Инаку откако во среда Куба го ослободи американскиот хуманитарец Алан Грос, во тек на размена на заробеници со САД, претседателот Барак Обама во тек на обраќање до јавноста најави обнова на дипломатските односи со Куба и крај на „застарениот пристап“ што подразбира ублажување на економските санкции и рестрикции на патувањата.

Истовремено до јавноста се обрати и кубанскиот претседател Раул Кастро кој ги поздрави новите тенденции во односите со САД.

-Овој израз на претседателот Обама заслужува почит и признание. Сакам да се заблагодарам на Ватикан за поддршката, особено на папа Франсис за подобрување на односите помеѓу Куба и САД- изјави Кастро. Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД