Куба ја одбележува 60-годишнината од почетокот на Револуцијата

Од:

Во Куба денеска се празнува 60-годишнината од неуспешниот герилски напад, предводен од Фидел Кастро врз воената база „Монкада“, што се смета за почеток на Кубанската револуција.
Илјадници лица се собраа на плоштадот пред касарната „Монкада“ во источниот град Сантијаго де Куба, за да го слушнат говорот на претседателот Раул Кастро. На фасадата на зградата беше поставено огромно знаме со ликот на Фидел Кастро.
На 26 јули 1953 година Фидел и Раул Кастро со уште над сто бунтовници ја нападнаа касарната „Монкада“, но претрпеа пораз. Браќата Кастро завршија во затвор, но набрзо беа ослободени. Откако одредено време живееја во егзил во Мексико, тие се вратија во Куба и кренаа востание, со кое во 1959 година од власт беше соборен диктаторот Фулхенсио Батиста.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ