Куба ги ослободи сите 53 политички затвореници

Од:

Куба ги ослободи сите 53 политички затвореници, кои претходно вети дека ќе ги ослободи, изјавија високи американски претставници.

Ослободувањето на останатите затвореници создава поволна атмосфера за историски преговори следната седмица, насочени кон нормализирање на односите по децении непријателство, изјавија претставниците, кои побараа анонимност.

Тие го оценија ослободувањето на последните затвореници, извршено во текот на викендот, како важен настан, но рекоа оти Вашингтон ќе продолжи да врши притисок врз Хавана за ослободување на уште луѓе, кои САД ги сметаат за политички затвореници.

Според нив, кубанските власти ја известиле американската Влада, дека се ослободени последните лица од списокот со затвореници.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ