Куба дозволи истополови бракови

Од:

Кубанскиот парламент усвои промена на законот за семејство со кој се отвораат вратите за истополовите бракови, гарантираат поголеми права за жените и подобра заштита на децата, постарите и другите членови на семејството, објави Ројтерс.

Изменетиот закон за семејство ќе биде ставен на референдум на 25 септември по долгата дебата во заедницата претходно оваа година, каде што иницијаторите на законот рекоа дека 62 отсто од учесниците изразиле поддршка за промените.

Новиот законик за семејно право промовира „љубов, наклонетост, чувствителност, почит кон другите и хармонија во семејствата“, изјави кубанскиот министер за правда Оскар Мануел Силвера.

Би можело да ве интересира

Чилеанскиот претседател го потиша историскиот Закон за легализација на истополовите бракови

Катерина Ѓуровски

Европски суд за човекови права бара Русија да ги признае истополовите бракови, Москва одбива

Ватикан: Нема благослов за геј заедниците, Бог не може да благослови грев

Жарко Настоски