Кризни жаришта во 2015-та година

Од:

Хајделберг интитутот кој се занимава со анализа, но и предвидувања за безбедносната состојба во конфликтните зони во светот, објави мапа на која се означени кризните жаришта од мината, но и од тековната година. Најголемо и најтемно подрачје зазема Блискиот исток и северна Африка каде што се наоѓаат голем број сунитски исламисти организирани во неколку терористички организации како Исламска држава или Боко Харем.

Според наводите опасни подрачја не се само оние во кои се водат отворени борби, како Сирија и Ирак, туки и цела низа релативно мирни држави во кои постои можност од напади, односно како што пред неколку дена се случи во Тунис.

Стравувањата дека 2015 година би можела да биде најкрвава година во историјата се темелат на тоа што ИСИС ја прошири својата мрежа надвор од границите на Сирија, Ирак и Либија, но и враќањето на џихадистите од фронтовите во Сирија и Ирак во државите во Европа и САД.

Меѓутоа исламистичките терористи се само дел од црната статистичка карта на зло во светот.

На подрачјето на Јужна Америка има цела низа банди и терористички организации кои претставуваат голема закана за безбедноста. Според нив приказна зе себе е Мексико каде што владата, наспроти неодаменешните апсења на лидерите на Зета, ја изгуби војната против тамошните наркокартели.

Се проценува дека во судирите помеѓу наркобандите и силите за безбедност во последните десетина години загинале повеќе од 50.000 лица.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он