Криза во Сеута: Oколу 6.000 мигранти сè уште талкаат по улиците на градот

Од:

Претседателот на шпанската енклава во Северна Африка, Сеута, Хуан Хесус Вивас, денес изјави дека околу 6.000 мигранти сè уште „талкаат“ во градот без можност да „ги задоволат своите основни потреби“ по масовниот прилив на мигранти минатата недела.

Вивас рече дека околу 80.000 мигранти влегле во Сеута минатата недела за време на масовниот прилив, бројка што е за 8.000 поголема од бројот објавен од шпанското Министерство за внатрешни работи, според Мундо.

Тој рече дека Сеута моментално се грижи за 1.100 малолетници без придружба, додека пред почетокот на јули имале 180 малолетници под нивна грижа.

Вивас, исто така, истакна дека Сеута има капацитет, според законот, да се грижи за максимум 90 малолетници без придружба.

„Се наоѓаме во критична ситуација. Бараме помош од остатокот од Шпанија“, рече Вивас, кој додаде дека моралот на населението во Сеута е многу низок.

Шпанската енклава Сеута, заедно со Мелиља, ја претставува единствената копнена граница на Европската Унија со Африка и е честа дестинација за мигрантите кои се обидуваат да влезат во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија, за преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

ВИДЕО: Објавена снимка од разговор пред трагедијата, нереди во Мадрид

Шпанскиот контролен центар имаше 17 минути да го спречи судирот – никој не реагираше

А1он

Железничка несреќа во Шпанија: Најмалку 64 загинати, околу 80 се повредени

(ВИДЕО) Откриена e причината за трагедијата во Шпанија

(ВИДЕО) Медиуми: Најмалку 50 загинати во железничката несреќа во Шпанија

Горан Наумовски