Кривата на Ковид-19 во Шпанија почна да се исправа

Од:

Во Шпанија, од коронавирусот денеска починаа уште 605 лица, што е најмал број на жртви во еден ден од 24 март, соопшти Министерството за здравство, при што шефот на владината здравствена служба изјави дека кривата конечно почнува да се исправа.

– Го продолжуваме трендот на опаѓачка тенденција, рече Марија Хосе Сиера, шеф на владината здравствена служба.

– Кривите на починатите и болните полека почнуваат да се исправаат, иако сè уште има многу случаи на починати и болни, додаде таа.

Досега починале вкупно 15.843 пациенти, со што Шпанија е трета во светот по САД со 16.690 жртви и 18.279 во Италија.

Денеска се заразени нови 4.576 лица, а вкупниот број на инфицирани достигна 157.022. Тој трипроцентен дневен пораст е најмал од појавата на вирусот во Шпанија.

Шпанскиот Парламент вчера одобри продолжување на вонредната состојба до 26 април, но премиерот Педро Санчез рече дека тогаш, најверојатно, ќе побара дополнително продолжување до средината на мај со цел коронавирусот да се сузбие до крај.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени