Криумчари продаваат мигранти во северна Африка

Од:

Стотици мигранти се продаваат на т.н. пазари за робови во Нигерија и во Либија, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

– Криумчарите продаваат мигранти за 200 до 500 долари. Жртвите се грабнати и со месеци се приморувани да извршуваат работни задачи или да работат како секс робови или проститутки, изјави Отман Белбеиси, шеф на одделот на ИОМ за Либија.

Преживеани укажуваат дека киднаперите изнудуваат пари со тортура врз луѓето и бараат да се јават кај своите блиски и да добијат откуп. Дел од мигрантите се приморани да работат на т.н. пазари за робови додека оние кои не можат да обезбедат откуп, се изгладнуваат до смрт, се вели во извештај.

Лекар од ИОМ лекувал човек од Гамбија кој имал само 35 килограми. Неговото семејство морало да ја продада куќата за да обезбеди откуп за него.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски