Кристи ќе враќа 1,5 милиони фунти

Од:

Аукциската куќа Кристи ќе мора да му врати 1,5 милиони фунти на богат руски колекционер на уметнички дела, за сликата која ја купи пред неколку години, а за која во меѓувреме се докажа дека е фалсификат.

Врховниот суд во Лондон заклучи дека сликата „Одалиск“, која е женски акт, веројатно не ја нацртал рускиот уметник Борис Кустодијев, кој често го споредуваат со британскиот сликар Л.С. Лоури.

Според судот, Кристи не го направиле ова намерно, но сепак мора да ги вратат парите кои им ги исплати компанијата Avrora Fine Arts Investment, која ја раководи рускиот бизнисмен Виктор Векселберт.

Адвокатите на Кристи се обидуваа да го убедат судот дека сликата не е фалсификат, но и дека аукциската куќа не може да се обвинува доколку продадена слика не е ремек-дело на некој уметник.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска