Криминална група ја оштетила Романската банка за развој за 43,5 милиони евра

Од:

Романскиот бизнисмен Ремус Трујка, поранешен началник на кабинетот на поранешниот премиер Адријан Настасе, во 2007 година, формирал организирана криминална група, преку која ја оштетил Романската банка за развој за 43,5 милиони евра, пишува весникот „Романија либера“.

Обвинителите од Дирекцијата за истрага на организираниот криминал и тероризам го ставија денеска Трујка под судска контрола.

Тој е обвинет за формирање криминална група, измами, поттикнување кон измами и злоупотреба на службената положба и перење пари.

Дирекцијата соопшти дека за делото за злоупотреби со кредити од Романската банка за развој се покренати обвиненија против вкупно 29 лица, меѓу кои Ремус Трујка и неговата поранешна сопруга Ирина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он