Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека една од главните цели на специјалната воена операција е да се спречи распоредувањето на силите на НАТО на територијата на Украина.

– Ова е апсолутно неприфатливо за нас. Не можеме да дозволиме вакви потези. Токму затоа се спроведува специјалната воена операција – за да не бидат присутни сили на НАТО на територијата на Украина, рече Песков, коментирајќи ги тврдењата дека есенските воени вежби на „Коалицијата на волјата“ во Полска би можеле да претставуваат подготовка за распоредување на европски воен контингент во Украина.

Зборувајќи за промената на чело на британската влада, Песков оцени дека првите изјави на новиот премиер Енди Бернам биле безрезервна поддршка за Украина, што, како што изјави, Москва го толкува како намера на Лондон да продолжи да ја поддржува војната.

„Ова е факт што, секако, го земаме предвид“, рече Песков, според Спутник.

Тој додаде дека Кремљ не очекува никакво подобрување на односите со Обединетото Кралство по смената на премиерот и нагласи дека во моментов не се планираат контакти меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новиот британски премиер.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија