Кремљ: Ракетниот систем С-400 ќе и се испорача на Турција според планот

Од:

Советникот на рускиот претседател, Јури Ужаков изјави дека Кремљ очекува ракетниот систем „земја-воздух“ С-400 да и биде испорачен на Турција следниот месец, како што е планирано.

– Да, постигната е согласност и договорите меѓу Русија и Турција во тој контекст се применуваат според планот. Нема проблеми во билатерален контекст, истакна советникот на Кремљ. додавајќи дека испораката ќе биде извршена во јули, како што е планирано.

Договорот на Турција, која е членка на НАТО, со Москва за набавка на Ѕ-400 ги разлути САД, со што се отвори прашањето за отстранување на Анкара од американската програма за борбени авиони Ф-35, доколку Турција не го повлече договорот со Русија.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина