Рускиот претседател Владимир Путин денеска нема да му го честита Денот на американската независност на американскиот претседател Џо Бајден поради „непријателските“ потези на САД кон Москва, соопшти денеска Кремљ.
„Честитките за овој ден не би биле соодветни. Причината е непријателската политика на Соединетите држави“, изјави денеска за новинарите портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков.
Да потсетиме, од почетокот на руската инвазија на Украина, Џо Бајден најостро ги осуди постапките на Русија и нејзиниот претседател Путин, кого го нарече воен злосторник и рече дека „не може да остане на власт“.