Кремљ: Путин е отворен за разговори за можно решение во Украина

Од:

Претседателот Владимир Путин е отворен за разговори за можното решение во Украина, но одбивањето на САД да ги признаат анектираните територии како руски ја кочи потрагата по потенцијален компромис, соопшти денеска Кремљ.

– Претседателот на Руската Федерација секогаш бил, е и останува отворен за преговори за обезбедување на нашите интереси, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите на прашањето за изјавите на американскиот претседател Џо Бајден.

Тој додаде дека „најпосакуваниот начин да ги постигнеме нашите интереси е преку мирни, дипломатски средства“.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин доколку тој покаже дека е заинтересиран да стави крај на војната што ја води во Украина.

Бајден истакна дека Путин „ сè уште не го сторил тоа“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец