Кремљ: Присоединувањето на украинските територии кон Русија ќе се одвива брзо

Од:

Процесот на присоединување на Донбас и останатите украински територии под руска контрола кон Русија ќе се одвива брзо, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, цитиран од ДПА.

Тој нагласи дека по анексијата, обидите на Украина да ги врати тие територии ќе се смета за напад врз Русија. Претседателот Владимир Путин веќе предупреди дека ќе ги искористи сите средства за да ги заштити.

Песков исто така рече дека во моментов нема основа за преговори меѓу Москва и Киев.

Референдумското изјаснување што не го признава ниту Запад, ниту Украина, почна утрово во делови на регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Луганск кои се под контрола на Русија, а гласањето ќе продолжи до вторник.

Референдумите се спроведуваат без согласност на Украина и не ги исполнуваат демократските стандарди, забележува ДПА. На окупираните територии не им е дозволен пристап на независни меѓународни набљудувачи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ