Кремљ: Пригожин ќе се сели во Белорусија

Од:

Лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин и неговите борци нема да бидат кривично гонети за обид за бунт, но тој ќе мора да се пресели во Белорусија, објави Кремљ.

Евгениј Пригожин ќе се пресели во Белорусија според договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател за прекин на денешниот вооружен бунт против руското воено раководство, објави Кремљ.

Шефот на Вагнер и неговите борци нема да бидат кривично гонети, се додава.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Александар Лукашенко го понудил своето посредување, со согласност на рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи тој лично се познава со Пригожин околу 20 години.

„Ќе ме прашате што ќе се случи со Пригожин лично. Кривичната постапка против него ќе биде прекината, а потоа тој ќе замине во Белорусија“, рече Песков. Тој додаде дека не знае каде е сега Пригожин.

„Не, не знам“, им рече Песков на новинарите на прашањето дали знае каде е сега шефот на Вагнер.

Кабинетот на белорускиот претседател Александар Лукашенко објави претходно дека Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка група Вагнер, се согласил да ја деескалира ситуацијата и да ги запре неговите борци во Русија, откако извор изјави дека конвојот на Вагнер од 5.000 борци се приближува кон Москва.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ