Кремљ одби да ја потврди најавата на Лукашенко за заедничка воена единица меѓу Русија и Белорусија

Од:

Москва одби да ја потврди изјавата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека Русија и Белорусија ќе распоредат заедничка регионална воена оперативна единица.

На прашањето да ја коментира изјавата на Лукашенко, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин и Лукашенко постојано разговараат за „интеракцијата во многу области, вклучително и одбраната“ во нивните контакти, пренесува Си-Ен-Ен.

Белорускиот лидер претходно денеска изјави дека Белорусија и Русија ќе распоредат заедничка воена работна група како одговор на, како што рече, „влошување на ситуацијата на западната граница на сојузната држава“, објави денеска белоруската новинска агенција Белта.

Лукашенко рече дека формирањето на групата започнало пред два дена и дека НАТО и голем број европски земји ги разгледуваат опциите за можна агресија врз Белорусија.

Би можело да ве интересира

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он

Кремљ: Путин и Трамп веќе нема да разговараат по телефон

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски