Кремљ: За секој мировен предлог Украина мора да прифати дека четирите припоени региони сега се дел од руската територија

Од:

Кремљ тврди дека секој мировен предлог за ставање крај на војната во Украина ќе мора да ја прифати „новата реалност“, според која четири украински региони се анектирани од Русија.

– Ниту еден мировен план за Украина не може да постои доколку не се земе предвид припојувањето на четири нови региони во Руската Федерација. Ова денеска пред новинарите го изјави прес-секретарот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

– Засега нема „мировен план“ за Украина, да почнеме со ова, рече портпаролот на Кремљ како одговор на барањето да се коментира иницијативата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготовка на „мировен план“ до февруари, кога тој би сакал да одржи мировен самит, со посредство на ОН.

На 30 септември Русија официјално ги анектираше Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, иако борбите во овие региони продолжија. Анексијата уследи по референдумот што Украина и западните земји го опишаа како „измама“ и целосно незаконски. Извештаите сугерираат дека жителите на тие региони биле принудени да гласаат и не можеле да ги напуштат областите додека не заврши спроведувањето на референдумот.

Русија не контролира целосно ниту еден од четирите региони. Делови од Херсон, вклучително и градот Херсон и областите околу реката Днепар, беа вратени под контрола на Украина во ноември по повлекувањето на Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО