Кремљ: Не сме посебно заинтересирани за изборите во Велика Британија

Од:

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва не е посебно заинтересирана за претстојните вонреднии парламентарни избори во Обединетото Кралство, јави ТАСС.

– Не, нема да им обрнеме посебно внимание. Кремљ ќе ја набљудува глобалната ситуација како и обично, истакна Песков.

Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека одлучила на осми јуни да се одржат предвремени парламентарни избори во Велика Британија.

Британскиот Парламент треба на седница утре да го потврди таквото решение на Меј, но опозициската Лабуристичка партија и нејзиниот лидер Џереми Корбин веќе соопштија дека тие ќе гласаат за предвремени избори.

Во кусата изјава Меј рече дека се одлучила за едно вакво решение во настојувањето да обезбеди „цврст мандат за Владата, пред интензивирањето на преговорите со ЕУ за напуштање на Унијата“, како и за да ги зацврсти позициите на Владата во британскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот