Кремљ: Не е вистина дека Путин го одби мировниот план на САД за Украина

Од:

Тврдењето дека рускиот претседател Владимир Путин го отфрли мировниот план на САД за Украина е лажно, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Некои од точките од планот за Украина беа прифатени за време на разговорите меѓу Путин и Виткоф, некои беа означени како неприфатливи. Ова е работен процес, рече Песков, додавајќи дека колку потивки се преговорите, толку попродуктивни ќе бидат, објави РИА Новости.

Песков исто така рече дека Русија се надева дека американската страна ќе се придржува до принципот на молчење за време на преговорите за решение.

Портпаролот на Кремљ додаде дека е можен телефонски разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Телефонски разговор е можен во секое време. Постои можност тој да се организира оперативно“, рече Песков.

Вчерашниот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, беше корисен, конструктивен и значаен, изјави претходно советникот на Путин, Јуриј Ушаков.

Тој рече дека разговорот „не траел пет минути, туку пет часа“, објави РИА Новости.

„Разговаравме за неколку опции за завршување на војната во Украина. Се согласивме со нашите американски колеги да не ја откриваме содржината на разговорите. Разговорот беше доверлив“, рече Ушаков.

Би можело да ве интересира

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ

Русија планира рекордни 202,6 милијарди долари за одбрана во 2027

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата