Кремљ: НАТО и Западот и помогнаа на Украина да ја нападне Русија

Од:

Функционерот на Кремљ Николај Патрушев денеска изјави дека воената алијанса предводена од САД и Западот биле директно вклучени во планирањето на украинскиот напад врз руската област Курск. Патрушев во интервју за весникот „Известија“ изјави дека операцијата во Курската област била планирана со учество на НАТО и западните специјални служби.

„Изјавите на американското раководство дека не се вмешани во злосторствата на Киев во Курската област не се точни… Без нивно учество и директна поддршка, Киев немаше да влезе на руска територија. Белата куќа соопшти дека Украина не ја известила однапред за нејзиниот упад и дека Вашингтон не бил вклучен во операцијата. Руското Министерство за одбрана објави снимка на која се гледа американско оружје на руска територија во Курск.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна